Влатак:
И се до денес од детство незнам што значи зборот пријателство,
зашто стварно не сум осетил во себе како е да бидеш среќно дете
од вечер до вечност,како мирот е нешто за кое демнее секој,
а го нема никад зашто стварно празни се и клупите во паркот,
само пикавци околу нив и шприцеви од наркос.Стравот поблиску од стварно,
а градот далеку од домот,и една поука од зборот една порака до твојот народ
биди самец подобро,отколку да љубиш стварно,зашто љубовта е курва
секад ке те заебе.Љубовта вели сакај, а девојката ја немаш нигде.
Израснат на улица,па лицето има посебни црти од неа,секој спомен вметнат
во кадар кој секад го гледам,секад велам биди силен не се предавај,
зашто патот нема крај но сепак го гледаш!
РЕФРЕН ( влатак ) :
Спомен до спомен,солза по солза,
болка до пораз,ножот до коска,
стихот се до строфа навика на борба,
душата е горка па доста веќе молам x2
РИС Еди :
Љубовта е тежина,има рана на душата,уморен сум зошто
секад скршени се срцата,спомен до спомен,пак црна слика гледам
татковиот поглед одмна во мене врежан,немав таква среќа
па се плашам од сенка,животната желба е да биде подобро некад.
Научен на пропаст поминав брат доста,немам никој да трга од лицето
мое солза.Денес сум толку упорен,барам среќа секој ден,
но ја нема никаде, толку сум осамен храбро се борам,
но пак сум повреден и заслепен,секој нов ден,го живеам ко да ми е последен.
Пријатели ко ѕвезди не се гледаат секогаш,тие секад се околу тебе,
имаш на кој да веруваш.Животот ми намести да живеам и тагувам со спомени,
сватив треба глава горе,денес спремен сум за промени !
РЕФРЕН ( влатак ) :
Спомен до спомен,солза по солза,
болка до пораз,ножот до коска,
стихот се до строфа навика на борба,
душата е горка па доста веќе молам x2
Ф.Х Бобо :
Солза по солза,листот е мокар,секоја е горка ми создава болка,
животот студен,секој ден иста слика,сите спомени во главата
само си идат.Секој момент е потсетување на минато,
сето тоа што го имам осетено и видено,па почеток на потрага
за нешто подобро,секој стих секоја песна се базира на ЖИВОТОТ.
Колку пати сум учел,само од своите грешки,доволно научив па,
сега ништо не ми пречи,љубовта одамна овена ко роза без вода.
Па не ја давам на секој,никој не ја почитува,Одредени луѓе
имаат посебно место во срцето,имам верба во нив,заедно талкаме низ времето.
Не сум освоил нешто вредно ниту пак среќно,но сепак сум ко птица на небо
и уживам во летот .... УЖИВАМ ВО ЛЕТОТ
Уште еднаш,потврда за тоа какви сме и во што живееме,текстов е всушност нашиот спомен,доколку имате Лајк на текстов,т.е ви се допадна мислам дека траката уште повеќе ќе ви се допадне,па слушнете :
http://www.youtube.com/watch?v=RmuvnH9BlXI Респект Влатак !