Законодавците од Калифорнија конечно пронајдоа разумно
решение за тешката криза која го снајде буџетот на оваа
сојузна американска држава. Предлагаат легализација на
екреативната употреба на марихуаната и нејзино оданочување.
Доколку овој закон предложен од членот на законодавното
тело, Том Амиано биде прифатен, тогаш Калифорнија ќе биде
првата сојузна држава во САД во која канабисот ќе биде
декриминализиран и оданочуван. Во оваа држава марихуаната
е легална од 1996-та година, но само за медицинска употреба.
Како поткрепа за својот предлог, Амиано ги посочува милијардите
долари кои секоја година ги губат на нелегалниот пазар со
марихуана а кои доколку биде воведен данок на дрогата, можат
да завршат во државната каса.
Според него, третирањето на марихуаната на ист начин како и
алкохолот и цигарите, може да доведе до баланс на буџетот, кој
е пред колапс. Во план е данокот за еден џоинт да изнесува 1 долар.
“Само индустријата со канабис носи профит од 14 милијарди
долари. Доколку биде прифатен предлогот, тогаш оданочувањето
ќе ни обезбеди повеќе од 1,3 милијарди долари”, велат
поддржувачите на иницијативата.
Новиот закон би требало да ги избрише сите санкции за
одгледување, транспорт, продажба, купување, поседување
и користење на природниот THC, како и на сите средства поврзани
за “дување трева”, но само за личностите постари од 21 година.
Противниците пак предупредуваат на можноста за проширување
на пазарот на црно. Освен тоа потсетуваат дека предлогот е
спротивен на федералните закони, кои ја забрануваат оваа дрога.
www.on.net.mk