Мало девојче и мајка и се во црква:
- Мамо, мене ми се лоши, ајде да си одиме дома.
- Не може сега, на сред служба сме.
- Ама ми се повраќа!
- Ако ти се повраќа, излези надвор и позади црквата, во грмушка поврати, па врати се.
Излегува девојчево, па после кратко време се враќа. Мајка и ја прашува:
- Поврати, а? Многу брзо се врати, отиде позади црква како што ти кажав?
- Не бе мамо, не морав позади црква, тука до вратата има една кутија каде пишува "За болните".
Некоја жена добила срцев удар и ја носат во болница. Го гледа таа таму својот ангел-чувар и го прашува:
- Ќе умрам ли, ангелче мое?
- Не бе, имаш уште 30-40 години.
Женава цела среќна, се опоравува брзо, па решава кога веќе ќе живее уште толку, да се среди додека е во болница. Прави таа операции за зголемување на градите, намалување на задникот, затегање на лицето, дури викнала некој да и ја исфарба косата. Целата таква средена и среќна излегува таа од болницата и ја удира амбулантна кола.
Оди жената на небо каде пак го гледа својот ангел-чувар, па го прашува:
- Добро бе, нели ми рече ќе живеам уште 30-40 години?
- Извини... не те познав - одговорил ангелот.
Се расправаат двајца пијаници:
- Јас гледам две месечини на небото.
- Абе, три се кога ти кажувам. Една лево, една десно и една у средина.
Поминува некој човек и овие двајцата го застануваат:
- Господине, колку месечини гледате вие на небото?
- А во кој ред?
- Зошто тангата се поскапи од обичните гаќи?
- Па не се луди за ситни пари да им се пикаат на сите во газ.
Влегува човек во аптека:
- Ве молам лек против икање.
Аптекарот се доближува до човекот и му залепува шамар. Овој изненаден:
- Зошто ми удривте шамар!?
Аптекарот:
- Тоа секогаш помага, а нема да ве чини ништо.
Човекот:
- Да, ама лекот е за жена ми.
Оди човек на лекар по резултати и лекарот му вика:
- Имам добра и лоша вест за тебе.
- Која е лошата?
- Имаш неизлечив тумор на мозок.
- Леле, па тоа е страшно, аааааааах! Која е добрата вест?
- Ја гледаш мојана секретарка згодна. Ја легнав вчера.
_________________ LIFE WITHOUT FRIENDSHIP IS LIKE THE SKY WITHOUT SUN.....
HC RAP ZASEKOGAS!!
VE SAKA VaNz
|