Во понеделник, во Американското Катче во Скопје (American Corner), дел од членовите на Хип Хоп Македонија ќе одржат презентација и дебата за моменталната состојба во која се наоѓа хип хоп културата. Презентацијата го носи насловот "Hip Hop, Globalization and Self-Awareness", а во неа посебно внимание ќе се посвети на влијанието на глобализацијата врз развојот на хип хоп културата, и обратно. Исто така ќе се дискутира и за влијанието кое хип хопот го има врз свеста на младиот човек.
Ги покануваме сите заинтересирани лица кои сакаат да го искажат својот став за хип хопот да не посетат и да поразговараме на дадените теми. Презентацијата е интерактивна, што значи дека секој може да се вклучи во неа со своето мислење.
Истовремено, за време на презентацијата на гостите кои ќе присуствуваат ќе бидат доделени и бесплатни примероци од компилациското ЦД „sEvergreen MemorieZ“, на која учествуваат повеќе познати млади (но и постари) рап артисти, од типот на Music Masta Vlado G, Sunset Maestro и Один, а Владо Џи специјално за ова ЦД подари 2 необјавени траки од Инстант Бит.
Почетокот е закажан за 18 часот, а времетраењето на настанот е 30 минути. ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ЗНААТ - American Corner се наоѓа на Партизанска, во библиотеката „Браќа Миладиновци“, веднаш до Градежниот факултет во Скопје. Влезот нормално, е бесплатен.
Овој проект го започнаа Браќа По Крв (кои се членови и на Клан Исток) во 2006 година во скопските средни училишта, а нивен редовен придружник беше DJ Boogie Man. Поради големиот интерес дебатите се префрлија и во културните центри и факултетите во Скопје, а подоцна и низ цела Македонија.
Овојпат како презентери/модератори се појавуваат Алек (Браќа По Крв/Клан Исток) и Џоле, млад член на Hip Hop Macedonia Crew.
НАПОМЕНА: Бидејќи настанот се одржува во American Corner, кој без исклучок бара на ивентите да се зборува на англиски, ве информираме дека и оваа презентација/дебата ќе се одвива на англиски јазик.
Бујрум!