Незнам како ќе ме сконтате, и колку, сепак ќе видиме после коментарот па може и бан да ми акните
Бркав по темиве, и не ми се верува што гледам, поделби и тотални глупости, наместо да се работи за поголеми цели. Секако дека се трудите и давате се од себе, сепак не е доволно, сепак мислам дека сцената е пред сечиј его трип, а его трипања има многу - такво поднебје живееме. Знам дека сеа веќе пцуете, сепак некои работи поинаку изгледаат гледно од друга страна.
Слушам реп ( како би го кажал мојот омилен МС Професор ВиКлајски

), го почитувам, ги знам повеќето луѓе кој се дел од макреп сцената. Сепак не е битно тоа, битни се оние моменти кој доаѓаат длабоко од срцето, душата, такви моменти некогаш ги имало на тони. Сепак други времиња, друг вајб, други генерации и се останато, не е битно тоа. Битна е сцената, ставот и почита кон другите колеги продуценти, чисто од почит спрема музиката која ја сакате. Личните ставови можете да ги решите на бетл - као и прави мцијеви, сепак тоа ви е работата, а воедно ете ви идеја за супер забава. Помалку физички, повеќе ментален напор.
Градов претрпе и сеуште има реп генерации. Некој е позер, некој е хц, не е битно, битна е сцената, настаните, гостувањата, радио емисиите, тв емисии, заеднички продукции, правење маркет и одржување на истиот.
Барем за тоа можете еднаш сите да се договорите. Ова го зборам зошто ја знам длабоката желба на сите, сите борби, сите дисриспекти што сте ги имале, но знам и добри моменти као седење у студио, пиење вино, рецитирање, смеење, сеири и такви срања. Ми недостигаат такви срања, сепак “животот е ебена плоча што скока“.
Имате тон луѓе кој се исполнети со мудрост, енергија која вреди да се пренесе, продуцентски таленти, ама кој К коа ќе згинете у скопјево. Ќе се сеќава некој, има ле поента сево ова?.. ИМА кога ќе се направи темел за идни генерации, за самите вас да си продолжите во животот да проповедате и да живеете од тоа. Освен ако сакате да му робувате на системот, е*ени батерии. размислете на тоа !