palavio UDARNA Напиша:
ако си способен чоек не ти се потребни недели месеци или години за да снимиш албум..
преслушајте го и оставете коментар
поздрав
брат убаво шо сте го СНИМИЛЕ во еден ден, ако можеш да најдеш услови, сними и два во еден ден....
работата е дека пишување текстови, правење матрици и комплетна продукција аранжмани и мастеринг (а нели сето тоа и уште многу работи спаѓаат во терминот СНИМАЊЕ АЛБУМ) и сите тие тракатанци нема теорија да траат еден ден, шо нема врска со способноста, нели? чисто снимањето може да се направи во еден ден, не е никаков проблем...ако се разбираме...
инаку го преслушав половина од албумот, изненаден сум позитивно од работата, посебно од текстовите...
матриците не знам дали се крадени или некој ги правел, што и нема голема врска со способноста туку со кешот, па некој ако нема доволно кеш и ќе си симне од нет (не викам дека сте немале кеш или дека сте краделе матрици, не ме интересира тоа, некои ми се сфиѓаат, некои и не, вкус да го ебам:))...без разлика, мислам дека главно е да се изрецитира како што треба, и да се кажат правите работи...според мене, малку рециталот да се подобри на некои од членовите (не ги знам кои се кои, првпат слушам нешто од вас - Ударна Формација) и ќе биде коска...
прилично ме бендиса револуционерната нијанса што ја имате во текстовите...
почит за работата, само напред (ако може да кажете кај да го најдам и другиот албум...)
мир!