hotsauce Напиша:
Обично не влагам у дебати, ама налетав на тема која ме копка и мене као остала багра овде на форум....
Убав муабет, само да ти искоментирам за 2-3% од зборовите кај шо не се слагам со тебе...
прво: границата - комерцијала и андерграунд не е танка воопшто брат...само кај нас многу луѓе не сфаќаат што е комерцијала, а што андер, затоа изгледа дека е танка! Ако слушнат децата кај нас некој дечко да рецитира нешто шо не им фаќа уво - ајде комерцијала е!!! прилично големо срање им е таа филозофија, и затоа постојат стара школа екипа - или форумов, за да може таквите да научат нешто...јас на пример сум немал среќа во музикава да ме внесе некој старошколец, самоук сум (ако може така да се каже:)), па сум пробал сам да одредам што е добро, и ЗОШТО тоа нешто е добро...а многу ми помогнал и форумот, нормално, затоа си го поштуам и него и сите што се редовни овде...зборот ми беше: точно се знае кој артист е комерцијален кај нас, а кој не, а кој го сфаќа тоа, тоа е друг проблем.
второ: според тебе, тоа што тони зен самиот си кажува дека е комерцијален треба да спречи некого да го сере? брат секој секого има причина и право да го сере, но, во врска со правото на серење, зависи дали сереш некого како "стручно лице", или само како објективна публика...ако си првото, тогаш покажи дека знаеш подобро од тој за кого сереш, ако си второто, тогаш си целосно во право...ако некој слушател може да рече "леее тони зен е ЦАР!!!", така и некој друг слушател може да рече "тони зен е ЛАЈНО!!!"...нели?
за другото си во право, рапот многу мава у глаа ако не се сфати правилно (а за да се сфати правилно треба едноставно да се ИСЛУШААТ - буквално - неколку песни од некои реномирани АНДЕРГРАУНД артисти), па од фејк генгста филм, може работата и да се изврти дури во црнечки филм - што е многу жално имам слушнато песни со стихови или добацки од типот: "What's up my NIGGA!!!" - сето тоа кажано од МАКЕДОНЕЦ!? ни некогаш сум можел, а ни па некогаш ќе можам да го сфатам тој став, ама тоа е тоа, дури и таквите имаат обожаватели...објасни ми го ти тоа мене брат...те молам
_SpeciaList_ Напиша:
Најбитна е меѓусебна поддршка, меѓусебен почит... и очигледно тоа недостасуе.
За соработки со странство, спотови не би се грижел... тоа се гради постепено...
Ајде поздрав.
Работата е дека нема место каде има целосна меѓусебна поддршка, само што ние најверојатно треба посебно да се изразиме на тој план оти сме прилично малецко местенце...не би требало да има место за хејт...ама не можеш да го убиеш хејтот брат...ако си остар ќе те серат оти многу сереш, ако си полн со љубов ќе те серат оти си ептен мек...it's tha ENIGMA! јебига, болна тема...
секако ќе се најде некој некого да сере...раперите кај нас имаат ПРЕГОЛЕМО его...секој мисли дека не може секој со него да соработува, дека не е кадарен да застане до него на сцена...точно, има и такви кои само се пробуваат, па не ги сметаш за сериозни и затоа не сакаш да застанат до тебе, па ете им причина да те серат до миле воље...оди разбери се ајде...
поздрав за муабетот
почит
мир!