Сега е точно : Авдуст 22nd, 2019, 2:12 am

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1, 2, 3, 4, 5, 6  Следна
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Хип Хопот е МРТОВ! (Колумна)
ТемаИспратено: Aприл 1st, 2009, 11:58 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
ХИП ХОПОТ Е МРТОВ!!!

Доколку направиме рекапитулација на развојот на Хип Хоп музиката од неговото појавување до денес и со многуте промени во него, логично се поставува прашањето дали Хип Хопот не се наоѓа пред својот залез. Ако ги анализираме златните деведесети години во кои егзистираа култните иминја од типот на Public Enemy, Krs ONE и слични на нив кои со својата револуционерна матрица на делување извршија огромно влијание, па преку Nototrious BIG, NAS, The Roots.. денес како нивна замена ги имаме звездите од типот на ,,фантастичниот и незаборавен" 50 Cent, Lil John и слични треторазредни шлајмови кои ,,палат и гасат'' насекаде во светот. Таквите Хип Хоп шљакотини уште се преставуваат и како парадигматични, а со својата изопаченост и квази стил се наметнуваат како доминантни во повеќето музички медиуми. Американскиот Хип Хоп стана составен дел од капитализмот кој немилосрдно го злоупотребува и од него создаде само машинерија за правење на пари. Со тоа се изгуби идејата и самата смисла затоа што музиката ја нема повеќе таа моќ што ја имаше порано и сега е само еден комерцијален производ. Секоја чест на исклучоците но денеска не можете ниту на прсти да наброите неколку албуми кои се успешо сработени и ја обележале изминатата година. Од друга страна во изобилие сте преплавени со смрдливиот меинстрим презентиран на MTV и останатите шит медиуми.
А паралелно на американскиот Хип Хоп кај нас може да се каже дека во последните неколку години се случува незапамтен и драстично зголемен број на Хип Хоп артисти во споредба со деведесетите години. Во Македонија Хип Хопот преставува куриозитет со оглед на фактот што имаме по 100 хип хоп артисти на километар квадратен. Со таквиот квантитет и експанзија на музиката интересно е што во Македонија има поголем број на рап изведувачи во целина отколку слушатели по што сме уникатни. Но добро некој ке рече дека квантитетот раѓа и квалитет но дали е тоа така кај нас е знак на прашање??? Со исклучок на неколку реномирани артисти и бендови останатите таканаречени рапери сметаат дека со едно PC и некое програмче за музика можат преку ноќ да станат вистински Хип Хоп звезди. Имајќи ја во предвид социо економската состојба и урбаните проблеми со кои се соочуваме кај повеќето Хип Хоп артисти тоа како да не преставува никаков предизвик. Многумина во своите текстови се занимаваат со самите себе а претежно и личат едни на други, односно се карактеризираат со претераната суета а неретко се влезени во его трип филмови дека токму тие се најдобрите и вистинските. Денеска секој може да земе камера од 150 евра да излезе на улица и да сними спот, а после со пуштање на смс пораки да си го популаризира своето ,,ремек дело" што укажува и на угледот на нашите таканаречени телевизии. За омразите и лицемерието кое постои и поделбите на исток и запад кои во минатото беа длабоко изразени воопшто и да не говориме. Се ми се чини дека Хип Хопот се повеќе станува инфантилен и стереотипен односно ја нема таа сила која треба да ја поседува имајќи ја во предвид неговата улога да се спротивставува на општествените стеги. Така имаме текстови од типот ,,ја сум најбољи MC и после мене потоп" ,, пазете се кога доаѓам ви отидоа мудата" што наместо еволуција придонесува да одиме само во обратен правец. Можеби имаме најголем број на рапери на километар квадратен но квантитетот не значи дека секогаш носи и квалитет.
Хип Хопот е мртов и за тоа не е виновен никој од страна туку напротив причините за неговата смрт треба да се бараат внатре, затоа што станува збор за самоубиство.


П.С.
,,Хип Хопот е мртов да живее Хип Хопот"

------------------------------------------------------------------------------
Автор: Стиховен Калибар
Превземено од неговиот блог на myspace.com
------------------------------------------------------------------------------

Во вториот дел на колумната ќе ја најдете темата што ја измешавте на погрешно место (рап журки)!
Сметам дека тука и е местото и очекувам мислења!! Поздрав.



_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 2:03 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
брат интересен текст, иако на моменти претерал со некои факти човекот (што и не е така лошо, може да послужи како "wake up call"), ама на крајот кога видов од кого е, ми дојде само да прашам: нели е иронично што човекот кој го пишува ова - во главно дека причините за залезот на хип хопот се кај самите нас (раперите, нели), а не кај некој од страна - е истиот човек кој сега се здружи со типот кој излезе на изборот за евросонг - рок агресори? не сум ја слушнал нивната заедничка песна, само од далеку ми изгледа како некој обид типот (Стиховен Калибар) да си се искомерцијализира...?може и сум грешка - се надевам - ама ако не сум, тогаш не би било баш правично истиот тој човек да кажува - да не речам попува - за смртта на хип хопот...?нели?
му го видов и MySpace профилот на дечково (Стиховен Калибар) - Пичке Прва Класа, ме бендиса ептен, секоја чест за идејата, само кога прочитав у весник дека направил песна со Агресори, ме зачуди...треба ли да ме чуди - не знам! ама мислам дека не му требало таква работа, судејќи според тоа колку типот е против тие работи...
а за темата, мислам дека светскиот хип хоп малку е измрдан од патот, додека да им излезе "од мода" на идиотите од западот, па да се свртат на електроника, и пак културава да си остане наша, да си ја уживаме на раат...за умирање, тешко дека му е дојдено времето...посебно на Балканот, мислам дека е во пораст (точно е дека во Македонија има повеќе МС-ија отколку слушатели, ама ќе се среди и тоа со време, сепак е почетокот на развивање на културава кај нас)
Со појавување на луѓе кои рапот како музички правец нема да им биде само тин-авантура, туку вистински начин на живот, музичка револуција, начин на изразување, ќе се исфилтрираат тие "привремените"...Има премногу емсија, да, само работата е кој ќе истрае...многу луѓе сонуваат да бидат рап-ѕвезди, ама со оглед на ситуацијата и реалните можности за такво нешто кај нас, треба само време да помине за да видиме кој сварно е рапер, а кој е привремено занесен по "уличниот живот"...
во секој случај мислам дека темата е одлична, и на место...
почит
мир!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 2:12 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Jуни 14th, 2004, 12:31 am
Мислења: 894
Локација: Tetovo , Brooklyn
c-sativa Напиша:
Со појавување на луѓе кои рапот како музички правец нема да им биде само тин-авантура, туку вистински начин на живот, музичка револуција, начин на изразување, ќе се исфилтрираат тие "привремените"...Има премногу емсија, да, само работата е кој ќе истрае...многу луѓе сонуваат да бидат рап-ѕвезди, ама со оглед на ситуацијата и реалните можности за такво нешто кај нас, треба само време да помине за да видиме кој сварно е рапер, а кој е привремено занесен по "уличниот живот"...
во секој случај мислам дека темата е одлична, и на место...
почит
мир!


па има луѓе кои докажале дека рапот им е далеку од тин-авантура па сепак е истата слика...наместо таа денешна рап младина да биде таа што ќе ги подржи длабоко сите останати кои се подолго во тоа,тие сеуште се делат на овие и оние и постојат срања и препуцавања и празни и ПРАЗНИ журки. Фала богу у Тетово коај има журка има публика, на жалост во другиве места тоа е ептееен поразлично. Тој факт што го кажа важи за новите емсиња и репери у македонија...фали подршка на постарото а не дигање и серење на све друго освен своето...

Поздрав

бај д веј колумната му е на место на стиховен калибар мое мислење е...

нек се угодат повеќе вакви теми затоа што тоа фали овде...само прашање е кој ќе разговара за тоа, ја ти и аце? :? :?

риспекта

_________________
I'll be Brooklyn till i die!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 2:26 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
nyx Напиша:
па има луѓе кои докажале дека рапот им е далеку од тин-авантура па сепак е истата слика...наместо таа денешна рап младина да биде таа што ќе ги подржи длабоко сите останати кои се подолго во тоа,тие сеуште се делат на овие и оние и постојат срања и препуцавања и празни и ПРАЗНИ журки. Фала богу у Тетово коај има журка има публика, на жалост во другиве места тоа е ептееен поразлично. Тој факт што го кажа важи за новите емсиња и репери у македонија...фали подршка на постарото а не дигање и серење на све друго освен своето...

Поздрав

бај д веј колумната му е на место на стиховен калибар мое мислење е...

нек се угодат повеќе вакви теми затоа што тоа фали овде...само прашање е кој ќе разговара за тоа, ја ти и аце? :? :?

риспекта
брат, не ме сфаќај лошо, нормално дека има луѓе кои докажале дека рапот им е далеку од тин-авантура, не дека нема...мислам дека отприлика се знаеме кој е кој и кој што мисли за кого (се врзав малку тука:))))...
и да, тоа се однесуваше претежно на помладите и понови рапери...макар да, има и многу од постарите следбеници кои почнуваат да се однесуваат како некои ѕвезди или шо ти ја знам, па младите кои сега почнуваат (а многу од нив и почнуваат поради тоа - "сакам да сум ѕвезда" - наочари, златен ланец, BMW, знаеш, клишето) зимаат пример и од нив...
а за публиката, најверојатно брат засега само поголемите места како Тетово, Скопје...ете Битола, Прилеп можат да имаат публика за време на такви настапи во живо...значи, МОЖАТ, а не знам дали имаат како што кажа ти за кај вас...Велес не знам како е, сум имал еден настап, сега во сабота ќе биде уште еден, ќе видиме каков ќе биде одѕивот - зборувам за велешка публика, и тоа ПУБЛИКА, значи не да рецитира една екипа а друга да гледа, па после да се сменат, и се така да си правиме атмосфера самите на себе...колку е добро, толку и не чини тоа нешто...треба да видиме до каде сме со интересот кај публиката да слушнат добар и квалитетен хип хоп...
Колумната нормално дека му е на место, само кажи ми дали и тебе те чуди колаборацијата со агресори...?
почит
мир!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 3:11 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jуни 27th, 2006, 3:10 pm
Мислења: 1490
Локација: Велес
Вака сеа убав муабет си има темата...Се ок..Калибар си е социолог, дипломиран мислам..Убаво си кажал самиот
Неговата соработка со Рок Агресори Марјане :) немора да значи дека е исчекор да се комерцијализира, бидејќи
соработувале на пријателски план...Не дека го бранам него али како шо знам си кажвам 8)

За публиката..Во Велес факт е дека публиката е хаос..Скоро сите се МЦ-ња у неа :lol: :lol: :lol:
Али сеа ќе видиме утре како ќе се покаже...

Бидејки нечиј успех им пречи (љубомората) ја направи состојбата оваква...
поздрав

_________________
www.myspace.com/crashmc1
www.myspace.com/ulicnaumetnost


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 7:17 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 29th, 2008, 2:23 pm
Мислења: 306
За кај нас конкретно рапот одамна како да умре. Како што е пишано и во колумната.. Повеќе групи и *емсиња* од слушатели имаме. Не дека нема и сега квалитет. Но воглавном се се понови групи што незнаеме зашто баш се во рапов но ако не сите барем 70% сигурно се за слава и за да станат рап ѕвезди, а останатите претпоставувам зошто се привремено залетани по уличниот живот додека не најдат други и поинакви другарчиња со кој ќе им биде поинтересно па ќе станат да речеме - Трансери, металци, кремци и тн.
Не дека нема квалитет.. Но оној малце квалитет што е се све постари групи и емсиња кој гледаат каква е состојбата кај нас и почнуваат да си одат по свој пат со спотови и слично али не праат више журки толку баш пошто не сакаат да се во ист кош со сите останати рЕпери. А и не заслужуваат всушност.
А тие што праат сега журки се обично нови групички и 90% се како оние што ги наведов погоре. Новоформирани и крајно фејк.
Среќа што има уште по некој вистински рапер да го одржува некако Хип Хопот кај нас, се додека и тие не се одкажат зошто е срамота да се во иста култура со некој што неможе за мал прст да им се фати и им е глупаво да бидат во ист кош ставени. Е тогаш кога тие ќе се одкажат Хип Хопот ќе умре скроз кај нас. Не дека немаме и добри и верни слушатели на рапот. Но Хип Хоп култура ја одржуваат добрите МСиња кој впрочем и се добри слушатели и публиката но да има по чиви журки да оди и да има што да слуша. Само со публика желна за квалитет не се одржува култура.

_________________
I take on the bravest one
And turn into that bitch ass nigga he was
Cuz, ain't no fakin and no playin
And every word that I say, is every word that I'm slayin


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 7:20 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
Crash Mc Напиша:
Вака сеа убав муабет си има темата...Се ок..Калибар си е социолог, дипломиран мислам..Убаво си кажал самиот
Неговата соработка со Рок Агресори Марјане :) немора да значи дека е исчекор да се комерцијализира, бидејќи
соработувале на пријателски план...Не дека го бранам него али како шо знам си кажвам 8)

За публиката..Во Велес факт е дека публиката е хаос..Скоро сите се МЦ-ња у неа :lol: :lol: :lol:
Али сеа ќе видиме утре како ќе се покаже...

Бидејки нечиј успех им пречи (љубомората) ја направи состојбата оваква...
поздрав
Аце бе, затоа прашав, дали треба или не треба да ме чуди соработката помеѓу нив двајца...ако биле другари, оти не се здружиле за проект пред целава оваа прашина да се крене за Зоки Агресор? (може и имаат, а ја да не знам за тоа!?) Сум ги размислил и тие опции за нивното здружување, и пак ми е чудно, да не речам контрадикторно однесувањево на Калибар...не го обвинив човекот, туку реков, ако е така како што мислам, дека не личи од него овој муабет...како и да е, фала за објаснувањето :wink:
Туку да не ја тупиме со тоа, темата не е Стиховен Калибар и неговото однесување, макар да и тоа ако е така како што сум сфатил ја, може да послужи како одличен пример за целиот овој муабет...сепак најдобро би било да се слушне заедничката творба нивна па да се коментира...можеби е under...не знам
а за публиката...ќе видиме Петок - Ас, Сабота - Ревелин, ќе има живнат хип хоп викенд, што прилично ме радува...
почит
мир!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 7:46 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
girlll Напиша:
За кај нас конкретно рапот одамна како да умре. Како што е пишано и во колумната.. Повеќе групи и *емсиња* од слушатели имаме. Не дека нема и сега квалитет. Но воглавном се се понови групи што незнаеме зашто баш се во рапов но ако не сите барем 70% сигурно се за слава и за да станат рап ѕвезди, а останатите претпоставувам зошто се привремено залетани по уличниот живот додека не најдат други и поинакви другарчиња со кој ќе им биде поинтересно па ќе станат да речеме - Трансери, металци, кремци и тн.
Не дека нема квалитет.. Но оној малце квалитет што е се све постари групи и емсиња кој гледаат каква е состојбата кај нас и почнуваат да си одат по свој пат со спотови и слично али не праат више журки толку баш пошто не сакаат да се во ист кош со сите останати рЕпери. А и не заслужуваат всушност.
А тие што праат сега журки се обично нови групички и 90% се како оние што ги наведов погоре. Новоформирани и крајно фејк.
Среќа што има уште по некој вистински рапер да го одржува некако Хип Хопот кај нас, се додека и тие не се одкажат зошто е срамота да се во иста култура со некој што неможе за мал прст да им се фати и им е глупаво да бидат во ист кош ставени. Е тогаш кога тие ќе се одкажат Хип Хопот ќе умре скроз кај нас. Не дека немаме и добри и верни слушатели на рапот. Но Хип Хоп култура ја одржуваат добрите МСиња кој впрочем и се добри слушатели и публиката но да има по чиви журки да оди и да има што да слуша. Само со публика желна за квалитет не се одржува култура.

Да не ја тупам, тоа е тоа што го зборував, тој што е ВИСТИНСКИ - нема да се откаже, тоа и се подразбира под зборот ВИСТИНСКИ, нели? Каков рапер е тој што ќе се откаже поради тоа што конкуренција му е некој што "не може за мал прст да му се фати"??
Друго, не можам јас да кажам дека е срамота да бидам во ист кош со одреден МС, ако публиката го одбере него, а не мене, или ако добие поголема почит од мене меѓу раперите и меѓу публиката...значи, треба да помине време, времето ќе го откаже тој што не треба да биде овде...наша работа (наша, на вистинските - се сметам за вистински рапер, нормално :)) е да продолжиме да ја презентираме вистинската вредност на хип хопот, и вистински квалитетниот хип хоп, па тој што ќе разбере, ќе знае што е и како...а тој што нема намера да сфати, јебига, ќе оди на тони зен ќе му мавта со рачињата...
значи, тој што ќе се откаже (зборувам од причина - аеее уште ли да се глупирам со децата - а не од некоја недај боже сериозна причина - здравствена или некоја друга) не е вистински, нели?
наше е да претставиме, на публиката е да одбере, а за сето тоа да оди синхронизирано - ние да претставуваме, а публиката да прифаќа, не мора да значи дека треба да се комерцијализираме, туку дека треба да се надградиме, т.е. да пораснеме во квалитетен смисол...трето нема
почит
мир!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Хип Хопот е МРТОВ! (Колумна)
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 10:17 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Стиховен Калибар Напиша:
Хип Хопот е мртов и за тоа не е виновен никој од страна туку напротив причините за неговата смрт треба да се бараат внатре, затоа што станува збор за самоубиство.


Со други зборови: Хип Хопот треба да живее во самиот човек, само на тој начин може да се репрезентира на народот!


НЕКА УМРЕ МОДНИОТ ТРЕНД!!!!!

Хип Хопот е живот и умира кога ќе умре и човекот, затоа оставете ги тие фантазии, како на пример: Појавување на сите можни медиуми, популарен и слушан насекаде, ПАРИ, СЛАВА... тоа е све ИЛУЗИЈА!!!
Едноставно, својот индивидуален квалитет е испран од нечија личност. Така стануваш позер, лицемер, бизнисмен а не рапер!!!
На тие работи времето БРЗО им минува!

Само оригиналните, креативните и верните ѕверови го одржуваат Хип Хопот да живее и самите си знаат кој се...
Публиката ги подржува, ги дружи, им дава до знаење дека ВРЕДИ ТОА ШТО ГО ПРАВАТ.

Поздрав.

_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Хип Хопот е МРТОВ! (Колумна)
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 10:33 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
_SpeciaList_ Напиша:
Со други зборови: Хип Хопот треба да живее во самиот човек, само на тој начин може да се репрезентира на народот!


НЕКА УМРЕ МОДНИОТ ТРЕНД!!!!!

Хип Хопот е живот и умира кога ќе умре и човекот, затоа оставете ги тие фантазии, како на пример: Појавување на сите можни медиуми, популарен и слушан насекаде, ПАРИ, СЛАВА... тоа е све ИЛУЗИЈА!!!
Едноставно, својот индивидуален квалитет е испран од нечија личност. Така стануваш позер, лицемер, бизнисмен а не рапер!!!
На тие работи времето БРЗО им минува!

Само оригиналните, креативните и верните ѕверови го одржуваат Хип Хопот да живее и самите си знаат кој се...
Публиката ги подржува, ги дружи, им дава до знаење дека ВРЕДИ ТОА ШТО ГО ПРАВАТ.

Поздрав.
Така де... 8)

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1, 2, 3, 4, 5, 6  Следна

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 3 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2009 Македонски Рап