GHETTO_PRINCESS Напиша:
Лесно е да казис демек била shit, а дали ти имас некој траки за да фрлиме није некој коментар, или ако немас, дали ко ке направис ти некоја трака ке биди подобра. Ај ке видиме. Поз
А според твојот коментар, ако нема направено песна, или ако има а таа е полоша од оваа на агресив, значи дека нема право да си ја оцени песнава или нема право да не ја бендиса? Значи ли тоа дека секој има право да ја сака песната или групата (во овој случај агресив, ама зборувам и општо), ама никој нема право да не ја сака? Дали правам песни или не, е небитно кога станува збор за оценувањето на туѓиот труд - затоа што ова е форум. Е сега, за да му истапиш на некого со таков коментар, најпрво треба да си сигурна дека тој човек сере - оти ти со твојот коментар кажуваш уствари дека он сере или дека хејта (ако можам така да се изразам). А за да бидеш сигурна дека тој човек сере, треба да го познаваш барем малку (не знам дали го познаваш shot, ама мислам едка ако си го познавала ќе си знаела дека НЕМА песни, и немаше да го прашуваш...значи не го познаваш, и не ти е на место коментарот). Секој што е на форумот има право да остави мислење за одреден текст, музика, песна, спот, човек, рапер и т.н. со едно правило - да нема пцовки вреѓање пцуење и т.н.
Сето овоа го иступив до максимум оти мислам дека е многу подобро да се коментира нечие дело, отколку нечиј коментар, затоа што се знае, недоличните коментари има кој да ги отстрани, а другите се индивидуални и секој пишува за себе. Да ми го коментираш коментарот - на тој начин - значи изгубено време пред се, џабе муабет, или зорле барање кавга. Што и да е, мислам дека не е конструктивно, и дека е одвишок.
Да не се сфатиме лошо, немам ништо ПРОТИВ тебе, или ЗА shot, само мислам дека треба да се полнат темите со малку поконструктивни и позрели коментари. Си можела да го прашаш зошто така мисли, и зошто не се слагаш со него - очигледно не се слагаш.
Ова е мое мислење, се надевам се разбираме
фала на вниманието
почит
мир!