Писмо од ДЈ Премиер:
„Беше тажен ден за мене кога ја добив потврдата за смртта на човек кого ќе продолжам да го викам мој брат, Кит Елам, попознат како Гуру на легендарните Gang Starr.
Од 1988-2004, доживеавме толку многу заеднички успеси што можевме да ги прошириме нашите бизниси независно еден од друг и меѓусебно да си го дадеме она што GURU го викаше "креативна дистанца", пред да се обединиме за нашиот 7ми албум кога времето ќе дојдеше. За жал, ние никогаш нема да дојдеме до тој ден.
Беше побарано од мене да го коментирам писмото во кое се говори лошо за мене, а кое наводно било напишано од GURU во неговите последни денови. Се што ќе кажам е дека времето кое го поминавме заедно беше прекрасно, заедно изградивме хип хоп наследство и никој не може да го промени ни тоа, ни мојата љубов кон него. Последната работа што би ја направил е да си играм со вистината за неговиот живот.
Ќе го славам животот на Guru. Ќе го чевствувам сеќавањето за него. Ќе жалам со семејството Елам за неговата прерана смрт. Ќе ја паметам групата/фондацијата Gang Starr и сите оригинални членови на Gang Starr кои биле пред мене. Сите се знаеме меѓусебно. Најмногу ќе го ценам сето тоа што го создадовме како Gang Starr, засекогаш. Ќе ми недостига неговиот препознатлив монотон глас кога влегува во соба, но неговите песни секогаш ќе го враќаат истиот тој глас кај мене... Неговото флоу на рецитирање беше лудо, и никогаш нема да го отстранам од моето срце и душа... Нека почива во мир човекот кој наоѓаше „SATISFACTION FROM THE STREET CROWD REACTION“... I love you Goo… DJ Premier.“
Според коментарите на светските хип хоп медиуми, ова е најискрениот говор досега по смртта на Guru. Сите сметаат дека ова е начинот на кој треба вистински да се раздели најмирољубивата хип хоп група во светот. Што се однесува до неговиот сегашен партнер (на Guru), Solar, никој не покажува емоции кон него. Едноставно, околу човекот се вртат многу контроверзни случки. Прво се тврдеше дека пред операцијата (и по неа) на фамилијата на Guru не им дозволил пристап до болничката постела, потоа дека го искористил за своја слава (и дека сеуште користи од неа), па дека се во љубовна врска со Guru, и што не друго. Вчера Солар излезе со соопштение во кое ги отфрла сите вакви тврдења.
Извор:
http://www.hiphopmacedonia.com/vesti_mk.php?id=354