Еве и јас се надоврзувам со БЕСОТ....
Dedicated 2 those curious...
Предмет:достава.На простава маса што им оставам,
Поставам блато од гнев и црвишта за пристап
Кон сништа кои пиштат врз писма од болскотна глиста,
Над биста листам приказ на не4иста билка,да дишам
Бес без потреба,хероината на сагата траг открива
Здробиј ја совеста полови4на и храни се со мисли-осила
Постилаш демек сила,викаш дивост те оросила
Покосила сосила низ свест каде армадата се сокрива
Јас крадам светлина од о4и кои не признаваат по4ин
Проро4ки мисли од мозок на таван лижен од молци
Замол4и,твојата по4ит не е скапа гранада од солзи
Да не можеш да простиш,ќе ползиш,како ќе се соо4иш
Со признавањето на Адот,со 4адот на толпата надвор,
Со градот на мртвата самост,со немиот напор на Гадот
На вратот - то4ка на агресијата,но,дале4ината ја зема
Ме гони стихијата на мракот - двојно пресе4ена хиена
Демнам на смена,закани нема,но не ми дава ни да дремнам
Сонот за сцена натопена со пена од свежа лириковна поема
Би требало да дисувам,но јас пишувам,прелистувам
Не се предомислувам,пресликувам врела вистина
Владетелка без крила,смислата ги се4и клепките
Низ прошетките во ретките бладања на сенките во темите
За што ли вредите ако не се осмелите бледите да ги смените?
Ќе се повредите самите,ако пред да се устремите се поделите
Зашто херој не е еден,следен деген кој ја краде славата,
Димензијата на успехот е врзана за срцето,а не за главата...!!!