Од улица научив како да се однесувам,
приближи се кон мене, кренмови не поднесувам..
Многу луѓе ме мразат сакаат да ме видат тажен,
но за инает нивни, јас сум тука а не како нив лажен,
едно велат зад тебе а друго во твое присуство,
убиствен на мајкот, со пламен и со силно чувство,
сите што ме мразат, се наоѓаат долу на подот,
се воздигнувам во воздух, го знам и на Да Винчи кодот..
од исток до запад и од север до југ,
широк во раменици, ве орам како трактор со плуг
Секој ден се појак и посилен од претходно,
да рокам со рими и рапувам, тоа е неопходно..
Ги сакам тие што ме сакаат, ги мразам тие што мразат,
моите луѓе ги газат, па сега нека се пазат..
Соочени со вистината, одат на спиење,
соочени со тупаниците на солзи лиење..
влезени во ганстерски филмови, ова не е Америка,
слушај постари, рапот доаѓа од срце, таква слика
додека пцуете за славата, вие сакате слава,
додека земате пари, се правиш човек кој на сите дава..
Ги отворам очите, гледам темнина и мрак...
Очи меѓусебно се вадат, нема светол зрак,
нас ни е потребна добра улична рап револуција
организирана едукација, во одлична институција...
Пред да знаеш за рап треба да знаеш за зборот почит,
лојалност кон другарите , во секое време да можеш да дадеш отчит..
Не кради, не мрази не посегнувај по нешто што не е твое,
не врши прељуба, сите нека видат љубов што е,