За Хип хоп фестивалот стварно немам зборови... Ваква организација досега немам видено, журката ги надмина моите очекувања....
Сите настапувачи беа супер, само Исток Запад малку ме разочараа, не очекував дека лошо ќе настапат на сцена...
Од сите изведувачи мислам дека Екипата најмногу ја вжештија атмосферата, а тоа се разбира дека зависи многу и од публиката... Респект за тетовската публика што најмногу лудуваше на журката... Сега и јасно ми е зошто Аго вика во една песна: Штом допрам мајк збеснувам како тетовска публика...
А Двоглав од Нов Поредок, алал нека му е колку е ненормален
Исто така и за ДНС Екипа, секоја чест... Само публиката малку ми делуваше пасивно кога тие настапуваја, не знам дали така беше заради тоа што беа уморени од журката или нешто друго, али ми се чинеше дека сам скокам на нивните песни а сите околу само климаат со главите...
Во организацијата ми се допадна и една работа што кога ќе луѓето ќе се разотидеа по трибините, пример кога имаше џез музика, вниманието сепак им се привлече да се вратат назад со тоа што имаше брејкденс додека траеше џез музиката...
За бројот на луѓето не ми беше ништо чудно, се виде колку луѓе ја почитуваат хип хоп културата... На сите други им е испрано мозочето, за жал...
Ајде чекаме слики на веб, и ако можи да се направи ДВД со снимка од журката, колку и да треба пари ќе платам за него, затоа што тоа ќе ми биди еден убав спомен за една од најдобрите журки на кои сум бил во мојот живот...