Добив мејл од MC Nucleo од Малезија кој бара моја соработка во еден негов креативен проект. MC Nucleo ќе прави микстејп од песни на кои ќе рапуваат рапери од целиот свет. Вика дека микстејпот ќе направи бум во Азија, прилично оптимистични, но пошто му е добра идејата не се сомневам во тоа. Вели дека ова е шанса на многу рапери од целиот свет да си ја презентираат својата земја и дека ова е проект за обединување на МС’ата од целиот свет.
Имено, MC Nucleo бара од мене да рапувам на еден негов бит и да му го пратам гласот за да го стави во една од песните. Јас му одговорив дека не сум МС а знам многу што би можеле тоа да го направат. Па мислам дека е паметно овде на блогов, јавно, сите да ве повикам да снимите нешто на неговиот бит и да ми го пратите на мејл [
[email protected]] само гласот. Оваа потрага по МС ќе трае околу недела дена (можеби повеќе).
Мислам дека ова е шанса да се докажете а можеби и светски да се прославите

За крај да повторам:
* Симнете го битот од
овде. (ако неможете да го симнете ради Х причини, известете ме)
* Снимете фристајл или напишан текст на овој бит.
* Рапувањето треба да биде
од 0:23 до 0:45 секунди
* Пратете ми го само гласот на мејл:
[email protected]
* Понатаму како добивам информации ќе ве известувам, а кога ќе биде направена песната сигурно ќе ја добиете
