KneleMC Напиша:
Гринаут= Работам на случајот (РНС) + ЕлДе Пистолеро + Мал голем човек. Најпрвин во 2003 година се јавува соработка помеѓу РНС, или како што во последно време самиот се нарекува Tonyo-san, и Мал Голем Човек. Работат на соло-албумот на РНС- „Цветот на светот" каде Tonyo-san бесрамно ги истакнува своите рецитаторски вештини, а Мал Голем е одговорен за веселите фанк матрици кои веднаш ги освоија „андерграунд" круговите. Во 2005 им се приклучува и ЕлДе Пистолеро и го формираат Гринаут. Тие се членови на добро познатата Легија и во моментов работат на двоен албум под работен наслов „Големите подвизи на малите деца", кој треба да се појави во 2007 година и ќе содржи 40 песни. Истовремено работат и на свои соло проекти и „виновни" се за поголемиот материјал од албумот на Легијата кој треба да излезе во јануари следната година. 2006та настапуваат на Ексит фестивалот, а добрата атмосфера која ја создадоа на минатогодишните Позитивни вибрации сеуште вибрира и не задолжи да ги повикаме повторно и оваа година како загревање за Бед Копи.
Гринаут ќе ги поддржува Славе, човек кој веќе и е доволно познат на македонската публика земајќи го предвид неговото долгогодишно искуство на работа со бендови како Мозаик и Суперхикс, соработката со диџеј ГејмОува и настапите на реномирани фестивали во земјава и надвор од неа. На секој негов настап може да се чуе аренби, рап, реге, даб, џангл... и неизбежните - феноменални скречови! Најчесто и самиот е понесен од еуфоријата на публиката, па му се случува и да запее, што дополнително ја разгорува атмосферата. Славе е еден и единствен изведувач-забавувач во најпозитивната смисла на зборот!
Eve vi biografija za Green Out.
Pozdrav.
fino, ama 4im tuka ne spomnuva za album, sigurno ushte nemaat izdadeno!
btw. koga e napishana biografijava, 2007