Историја на Кумановски рапери
Во далечната 199х се појавуваат двајца другари со имиња Емпи и Зао...Креираат рап група наречена РАПТОРИ.Покасно се приклучуваат Мистик и Маестро од Штип,а како најнов член на групата се приклучува Бајдо...Имаат направено многу хитови,меѓу кои РАПТОРИ(мислам дека тоа им е прва трака(закон трака,една од мои омилени)),Дали живеам и уште многу други.Траките се снимаат кај Зао,во домашни услови,ама мора да се признае дека се со одличен квалитет...
Во 2004 година се појавив јас...Не снимав многу,имам неколку демо-а,но се истакнував со фреистајл во тоа време.Моментално сум соло,иако имав неколку неуспешни обиди за група.Сега сум посветен на промена на стилот(мислам дека треба да се сообразувам со времето хехехе.)
Ники а.к.а Кралска Крв го запознавам во 2006 година.Со него снимам една трака,тоа беше кога бев со него во група.Снимана е во студио на Радио Телевизија Куманово...Срање испадна траката,заради мене,човекот добро изрецитира,јас бев тогаш во друг филм,и ужасно испадна траката(хехехе)инаку тој продолжува соло,со својот специфичен стил(екстра е типот)сега ја подготвува неговата 3 песна,зборам откако сериозно почна да се занимава со музика.Полека но сигурно.Ке имате прилика да го чуете.
Дј Ташко Пикси Нено = Дел од поранешна група МоМеНт во која спаѓав и јас имаат направено по нешто,мислам дека само Нено има снимано 1 трака посериозно,за останатите 2 не знам.Нека не ми замерат ако грешам сепак го пишувам тоа што го знам,што сум видел со свои очи.
Т-Гоуст се појавува некаде 2005-2006 година со својата Џоинт Шеќња,прави бум,покасно смина уште неколку песни,но далеку под квалитетот на првата
Подоцна се појавуваат некои дечки како што се Дац,(Скипи и Тофра не ги вклучувам во кумановски рапери,бидејќи колку што знам тие не се кумановци),потоа 2Пац -Иван,МНР,Дени,Белчо,и тие имаат по некој самостален проект,или пак некој фјутуринг...Тоа е во главно се.[/size]
Доколку заборавив некој нека ми прости,сепак ова е пишувано од моја гледна точка со моите сознанија.
ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИ ИМИЊА!!!
_________________ Nesto za mene?Nemam poim neka kazat drugi.
www.myspace.com/mcarsa
www.ku-rap.com
|