aleksandar blazevski Напиша:
Отишол Буш во посета на основно училиште. По својот патриотски говор им дозволил на децата да прашаат што ги интересира. Едно учениче станало, се претставило дека се вика Стенли и рекло:
- Јас имам 4 прашања. Прво, зошто САД го нападна Ирак без дозвола на Обединетите нации? Второ, зошто сте вие претседател на Америка кога Ал Гор имаше повеќе гласови од вас? Трето, што навистина се случи со Осама Бил Ладен? И четврто, зошто сте толку загрижени за браковите на хомосексуалците кога половина од Американците немаат здравствено осигурување?
Во тој миг зазвонило за голем одмор. Буш им кажал на децата дека ќе продолжат после паузата. Кога завршил одморот, Џорџ влегол во училницата и рекол:
- А ха, каде застанавме... да, на вашите прашања. Има некој да ми постави прашање?
- Јас сум Стив и имам шест прашања за вас, се јавило едно момче. Прво, зошто САД го нападна Ирак без дозвола на Обединетите нации? Второ, зошто сте вие претседател кога Ал Гор имаше повеќе гласови од вас. Трето, што навистина се случи со Осама Бил Ладен? Четврто, зошто сте толку загрижени за браковите на хомосексуалците кога половина од Американците немаат здравствено осигурување? Петто, зошто звонеше за голем одмор петнаесет минути пред регуларното време? И шесто, каде изчезна Стенли?
хахахаааааааааа!
заѕвонило порано и го грабнале стенли хахаха!
сеа сив е на ред