Сега е точно : Јули 5th, 2025, 5:22 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]

Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна 1, 2, 3  Следна
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Ќуринов - Hell on Earth
ТемаИспратено: Ноември 17th, 2008, 3:30 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
пекол на земјата кај што јас сум роден, од темните сили на подземјето сум воден
со стил незгоден, ко бура непогоден, штом хорор ритам ме плесне, тогаш сум прероден
како кучка плоден, рап лигав имам воден се лизга низ уши, во мозок прави фобија
оти ме осудија - доживотна ритам робија, кон победа итам а ти мислиш ме поробија...
против мене твориш, така брзо ќе изгориш, просто зборам не сфаќаш кажи сега што ќе сториш??
ДОСАДЕН си ко пролив, но за тебе трошам молив, твојот розе ритам со НС прав го посолив
и се сруши, во прав се стори за миг го снема, како аждаја го голтна мојата поема
мојте темни стихови, безбожни и луди, ќе спојам рај и пекол, и Луцифер да полуди
и огин, и вода, и земја и небо, и ден и ноќ да го исчистам гревот
испратен овде во твој'та кожурка бедна, отровен здив, носам вечен пад во бездна
очајнички крик од твојот стих ќе изнудам, појава сум гнасна, и мртвиот го будам
моите рими светски чуда, ова, НЕ Е заблуда - ве бришам, ФОРМАТ без да се трудам
испраќам стихови низ мозок минат како рентген, од келија во келија, како со шенген
притисок создаваат штом те стегаат ко менгеме, Ангел на Смртта, за тебе Др. Менгеле
едноставен си ко тенџере, провиден ко пенџере, во душа носиш страв, јас го шмркам како прав
просто како грав, од таванот наш плав, до дното наше црно - ти ситен си ко зрно
-------------------------------------------------
Hell on Earth!!!
i'm starting my endless fight
hear my thunder pains from my sleepless nights
Hell on Earth!!!
has brought my earthquake dances
ain't nobody ready yet for my cataclysm changes /х2
--------------------------------------------------
овој втор дел, посветен е цел, денот да ти го зацрни штом е пресветол, бел
опасен, ко трипер, лут како пипер, после мене сте спакувани ко "Пејзаж" од Giger
крвави, во рамка, ко крвава дамка, во стиховна замка, лесна сте мамка
не кревам рампа, за твој'та мисла нема, твојата појава за некролог ја спремам
на бандера ја бесам, на центар на јавор, од нервоза се тресам, го менуваш ставот
под притисок на стравот и финансиско влијание, те убива право моето бесно издание
стихови ко хив, маларија, зараза те сварија, од мојот сив здив, гомнарија ти подарија
НС лотарија, губиш - остави ја, паѓаш - не следи ја, свеста испери ја
стихови, ритмови, кон тебе се вперија - самоодбрана на мојата гнасна империја
земјотреси громови во мојте песни томови, не се лесни - тонови тежат како слонови
постари и понови, на демони клонови, да преземат тронови, од како тебе кловнови
соништа да поништат да уништат на купишта штом попушташ и допушташ - во грешно време опушташ
ко што расте мојот крвен притисок, така грубо исчезнувате од мојот список
по мојте две фази, нема докази, дека некогаш постоеле такви лажни накази
дефиниција за квази квантитет пред квалитет, мене не ме засега твојот епитет
во мој пекол испарува твојот материјален транс, а со него и ти после мојот перформанс...

рефрен /х4

песната:
http://rapidshare.com/files/164505329/K ... Final_.mp3

однапред благодарам за искрените коментари.
respect
peace!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 17th, 2008, 11:32 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Ноември 2nd, 2008, 2:15 pm
Мислења: 448
ej стварно хардкор тракица :) супер е, п0Зз

_________________
myspace.com/absolus

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 17th, 2008, 12:28 pm 
Отсутен

Регистриран: Jуни 5th, 2008, 5:50 pm
Мислења: 144
Локација: Veles
куринов растурас брат само така продолзи

се знае кои е велешани

позз

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 17th, 2008, 8:24 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Авдуст 6th, 2007, 2:59 pm
Мислења: 595
Локација: Ulicite vo gradot...
Топ трака.Само напред!

___________________________
www.myspace.com/demonotmk

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 17th, 2008, 10:14 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Збор,два после читање и слушање на траката...

Значи добро е тоа што имаш свој стил. Баш онака Hardcore meets Horrorcore... и верувам дека ќе бидеш подобар.
За текстот би рекол 5/10 ради тоа што има многу непотребни рими, така јас мислам. Можеше на друг начин да се опишат некои ствари за да го погодиш баш она што сакаш да го кажеш, ме разбираш? Значи тие непотребни ствари ја замаглуваат поентата во овој случај...
Но има и добри стихови со оштри рими кои се на место.
Мене на пример би ми се свиѓало да има некои стварно болни и гадни зборови (вистински, на место!) што повеќе ја оштрат пораката...

Траката е 7/10 све е супер освем инструменталката. Едноставно не ми се свиѓа многу, тешко поднесувам електро бит и синтетик ефекти со рап:)

_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 18th, 2008, 1:21 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jуни 27th, 2006, 3:10 pm
Мислења: 1490
Локација: Велес
Устав си брат свака ти част нај добар (рап) артист во Велес според мене...сум ти кажал нели :?: :lol: :lol:

_________________
www.myspace.com/crashmc1
www.myspace.com/ulicnaumetnost

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 18th, 2008, 2:17 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
_SpeciaList_ Напиша:
Збор,два после читање и слушање на траката...

Значи добро е тоа што имаш свој стил. Баш онака Hardcore meets Horrorcore... и верувам дека ќе бидеш подобар.
За текстот би рекол 5/10 ради тоа што има многу непотребни рими, така јас мислам. Можеше на друг начин да се опишат некои ствари за да го погодиш баш она што сакаш да го кажеш, ме разбираш? Значи тие непотребни ствари ја замаглуваат поентата во овој случај...
Но има и добри стихови со оштри рими кои се на место.
Мене на пример би ми се свиѓало да има некои стварно болни и гадни зборови (вистински, на место!) што повеќе ја оштрат пораката...

Траката е 7/10 све е супер освем инструменталката. Едноставно не ми се свиѓа многу, тешко поднесувам електро бит и синтетик ефекти со рап:)

текстот ми е малку постар, и секако ни ја не мислев дека е совршен.без разлика дали ти се допадна песната или не (секако дека ќе се осеќав подобро ако имаше 10/10, нормално:))) сепак, мило ми е што си одвоил време да ја слушнеш и анализираш. како што кажав, почит за сите коментари, се надевам дека беа искрени.
фала за критиките, прифатени се со целосно разбирање. наскоро се јавувам пак со ново нешто...
Veles Underground Represent засекогаш!
respect
peace!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 18th, 2008, 10:01 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Октомври 2nd, 2008, 9:53 pm
Мислења: 753
Локација: Кисела Вода, Скопје, Македонија
Ми се допаѓа текстот, ма да има стварно некои непотребни рими...али добро друг пат боље :D ... Инструменталката е солидна иако не сум фан на таков звук :? :? али све на све ок е и моја оценка е 7,5 или 8/10. Продужи напред и се надевам ќе бидеш све боље и боље :D :D :D Позз
РЕСПЕКАТ

_________________
Hip-Hop nije fraza koja se pise. Hip-Hop je razlog radi koj ja disem. Rap is what we do. Hip-hop is how we live!!!

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 18th, 2008, 10:13 am 

ТемаИспратено: Ноември 18th, 2008, 11:50 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Maрт 2nd, 2008, 3:20 pm
Мислења: 1012
Локација: Ljubljana, Slovenia
Оо па редно време беше за нешто ново, нели?! :)
Вака сега... Како што спомнаа мило ми е и баш СУПЕР тоа што си имаш свој стил различен од сечиј дека вакво нешто слично од некој друг немам чуено!! Во врска со траката, ми се свиѓа текстот иако вториот дел ми е подобар. Матрицата е интересна али одредени делови од неа не ми се свиѓаат, како на пример почетокот (како почнува). Рефренот е исто така интересен башка и што е на англиски - на некој начин ја ``шминка`` :) траката. Само мислам дека би требало малце по гласен да бил - појке да доминира. Тоа е тоа, значи мојата оцена е 8/10. Поздрав!

Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна 1, 2, 3  Следна

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]

Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 2 гости

Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап