Со тага викам.....Кај сте сега
Со тага викам.....Кај сте сега
Со тага викам.....Кај сте сега
Со тага викам.....Кај сте сега
Ронин Еј ја затвори очи замисли го најубавото место
Ако можеш но гледаш само ѕид знам не е лесно
Улиците се преполни асфалтот е жежок
Мислиш ќе биде подобро ако го преспиеш денот
Сум осетил на своја кожа знам што е депресија
И кога сонцето не помага во тешки времиња
И ништо не е различно се осеќам ко СТР2
За мене секад кога врне истура
Ако живееш во светов биди спремен на мука
Не барај рај и пекол горе и доле тие се тука
Пекол е низ што минуваш рајот сам си го правиш
Во свои гомна се давиш или од нив сам се вадиш
Да не беше љубовта како ќе преживеевме
Љубов заедничка или за една особа
Ќе бидам твое знаење ти биди моја мудрост
Секоја нова девојка ја осеќам ко прва љубов
Се враќам на улицата кај аголот на зградата *
Последни мигови на живот ми се скрши иглата
И што е следно уште еден ангел со скршено крило
Среќен пат и заборави на се што било.
Реф И каде сега кога времето летна
И единствен спомен на среќа е вашата песна
И кај сте сега шест метри под земја
Ментално мртов остана сенка на твојата мечта. *2
Џака Гледам веќе од вчера не си истиот денес
А многу луѓе се изгубија со текот на време
Фацата ти е од Бога дадена си ја одземал сам
Дал си станал алкохоличар или наркоман
Два и два се пет нема да не видиш како клечиме
Легијата има дигнетет во хаос да донесе ред*
Пишувам со калиграфија порака за иднина
Никој неможе да повика дожд во пустина
Зборот не го бутка ѕидот но стои долго како графитот
Се помни митот се пренесува од стихот на битот
Еден живот многу случки во него
За се што оружје може да биде и мисла посилна од мечот
Насекаде лаги пропаганда тие вас вие за нив
Срца полни со завист од злоба стегнати заби
Во модерниот Вавилон се збори само еден јазик
За друг на друг зло да прави нож под грло да стави
Мора да постои начин
Може во стомак и на грб но насмевка нема да стави
На лице што има криви црти од нечесни дела
И мисли има повеќе на светот од тоа што ти е пред видик*
Реф И каде сега кога времето летна
И единствен спомен на среќа е вашата песна
И кај сте сега шест метри под земја
Ментално мртов остана сенка на твојата мечта. *4
Еве ви ја и Кај сте сега пошто спомнавте дека е многу добра и се сложувам со тоа мислење.
Една Љубов