[align=center]
Ludiot Stil
И беше само сон,
кога за првпат го допрев овој микрофон
не ја замислував вака играта,
дека ке отидеме дури до вселената,
па римата ме враќа на улица.
Животот ме тера да бркам пара,
знаеш коска стара сум, куче што видело се.
Сакав да кулирам со моите луѓе,
зашто тоа останува, а бизнисот се менува.
Паѓаш, стануваш, молчиш, се брануваш.
Ако си океј, во капан остануваш.
Зашто луѓето кога се гладни, стануваат гадни.
Канибали, а ги знаеш од мали.
Сега пукам рафали, Лудиот Стил не се шали, пие,
понекогаш пали, но за хиени не жали,
зашто FAKE ASS не му фали,
ќе бидам ист како и секогаш, од арената..
Доаѓам спремен одам напред со арената,
ги пуштив птиците да одлетаат,
но они стигнаа само до кафезот
па се смеам - јак сум и пеам:
"О зашто егото ги вози луѓето толку лошо,
о зашто егото ги вози луѓето"..
P.K.M
Тажна позадина, тажен сум и јас.
Тажни моменти, тажни се сите,
и ти, сигурен сум. Кој не бил тажен?
Кој не бил газен? Кој не бил братче мразен?
-Сите некогаш сме биле во животот тажни,
сите некогаш сме биле важни,
на сите некогаш ни било тешко.
Но тагата остави ја позади,
идеме кон подобро уствари.
Еве, тука сме за рапот, за погоре да иде,
мора напред да се иде, мора да се биде..
Што и да било, поминало, лош филм-крај,
секој почеток има крај, секое дело има сјај.
Пролет, лето, есен, зима..
Пупе-кељавиот прави позитивна клима.
Пупе-кељавиот еве сега дига,
Пупе-кељавиот по негово цело време шиба!
Snoopy MC
Дали се разбудив од сонот? -Сеуште сум таму!
Сум бил во многу нешта, сум бил и таму-ваму.
Колку несакав да бидам некој,
со прстот покажи ме - мене ме знае секој.
Дали го памтиш дечкото, имав визија.
Се смееше на филмот, смеата измиј ја.
Гревови, брегови - да се качиш беа тегови,
а сега чии се овие добри песни - негови!
Се будев секое утро, колку далеку сум јас од целта.
Веќе навлегов, имаше неколку будали другари мали,
некогаш беше се океј, денес им фали човекот по име Зоран
еј стварно морам, морници ме лазат кога минатото го зборам.
Бев обична будала, денес нема промени,
стеблото расте според неговите корени!
______________________________
Од Самрак До Зори[/align]