Нема молив што не го боли,
порив на горчина кога твори.
Ниту мотив што буди солзи
нема скротлив.
Нема ни паднат херој, што сони
во доцни ноќи,
само ноќни мори,
солзи горки, тврди корки,
неостварени сни,
што е животот се праша ти?
А знаеш ли.. Нема на сите прашања одговори.
Нема зборови, кога на ред е болот,
сонот не е јаве, ниту животот скокот.
Нема човек доволно силен да победи немоќ,
во светот не е секогаш светло,
нема бегство од проблемот.
Нема надеж, ни ден кога ќе станеш ладен,
желудник празен те прави срамнет за навек.
Гаден е брате мирисот на реалност,
гледаш остана ништо само патот и калот.
Реф - Остана ништо!
Само листот, мајкот и битот.
Остана ништо!
Бледа трага од графитот на ѕидот.
Остана ништо!
А од она ништо се плашиме..
Ја нема ни солзата кога повторно сами сме..
Нема брат ништо освен џебот празен,
поразен си пред да паднеш,
згазен од скапиот сатен знаеш..
Реално згаден од себе, од се што гледаш,
свесно бегаш,
стегаш срце да не заплачеш,
што ко секад губиш се..
Време е да продолжиме.. Но не..
На почетокот на крајот сите сме,
повторно ништо немаме..
Се губи смисол за живот,
остана уште листот
за бегство од големото ништо