Нема да ја сетиш болкава - дадов заклетва,
но јас сеуште сум истата - малечка со лажна насмевка.
Погледни ја девојкава со безброј стихови,
залеј за да не горчат овие празни сини погледи.
Па повели во мојот свет без боја,
затвори очи - под пајажината се крие солза.
Те молам бегај, зошто боли песната,
дело на малечката со ништо во насмевката.
Оди кај што дождот стивнува, бура поминува,
кај мене листот е мокар и со солзи пишувам.
Стишува тишината во води немирни,
знам дека заслужувам - па гледај ме со презири.
Но запомни - нема да видиш ништо,
лажна насмевка и празнина - сеуште е исто.
Сеуште е сиво и залеано со вино,
со едно големо ништо како причина за живот.
Не ме прашувај зошто, сврти се и оди,
остави ме со скршен молив и мотив што горчи.
Гледај површна - доволна е насмевката,
не ја барај вистинската - остана во сенката.
Уште една претстава - перфектно одиграна под маски,
балот на големиот вапир - на смртниот залив.
Не се врти - бегај таму кај што е надежта,
подалеку од оваа малечка со лажна насмевка.