girlll Напиша:
Фактот дека повеќе во Македонија нема квалитетен рап и фактот дека нема повеќе што да се слуша, а она што чинело ми е одамна веќе преслушано и тоа на памет научено. Така да неам намера ја да слушам некој срање мак рап за да ти го праам тебе меракот и за да добијам твоја дозвола за да постирам на темава.. Значи имам и повеќе од многу слушано мак рап па и имам сигурно и од тебе повеќе право да дискутирам за него.
Не верувам дека си слушнала нови изданија од нови артисти. И пак дискутирај колку сакаш и имај поголемо право не од мене, туку од сите на форумов.
girlll Напиша:
Од кога бе спотовите те прават комерцијала?Тогаш зашто гледаш спотови било Амерички било наши? Кога тие фаци се нели комерцијала? Не секој спот те прави да си продаден.. Знаеш на секого му треба да заработи за она што потрошил да го сними спотот, а и секој сака неговиот труд чим има можност да биде виден од поголема публика. Од кога тоа те прави комерцијала?
Тогаш зашто постојат спотови во рапот.. И како очекуваш повеќе луѓе да слушнат за Хип Хоп културата и да слушнат рап..
А кој рече дека те прават комерцијала!? WTF!? Не гледам спотови - како прво. Како второ, тоа е проблемот што јас упорно сакам да ти го посочам, а лежи КАЈ ТЕБЕ! Ти си чекала спот од некој рапер за да му ја слушнеш песната?. Ете така се искомерцијализира рапот од кај истите тие фенови и стаклари шо го редиш...сфатиле луѓето дека децата повеќе ќе летаат по нив ако направат спот за тоа нивно срање наречено музика. Само со спот може да ги натераш луѓето да те слушнат!?Спотот е додатна афирмација/комерцијализација - зависи кај кого...
girlll Напиша:
И дали јас несмеам да го кажам своето мислење за да не навредам некого?
Ја директно не навредив никого.. Кој ќе се пронајде подобро нека го препрочита мојот пост и убаво нека размисли зашто се пронашол. Тоа е веќе негов проблем а не мој.
Епа девојче, тој што МОМЕНТАЛНО прави добар и квалитетен рап, прави забави, промоции и 300 курци за да се одржи културава во живот, е исплукан во твојот пост! Тоа е тоа што не чини во твојот пост - според мене. Едноставен проблем е што ти си решила веќе мак рап да не слушнеш - автоматски нема шанси да знаеш дали е тоа така како што го зборуваш...се надевам дека сум појасен малку...кажи го мислењето слободно, ама ако навредиш некого, ќе те навреди и он тебе...ЕТЕ ЗОШТО НАЈВЕРОЈАТНО БИ УМРЕЛ МАКРАПОТ...проста работа...
girlll Напиша:
Верувај ми дека ќе засакаш нешто кога ќе ти стане секојдневие.. И ќе научиш да живееш со тоа и да се бориш.. Јас ја сакам улицата.. И никогаш не би прешла на кафански живот и на кафичи.. Кажувам од лично искуство дека е тешко да се напушти она што цел живот го живееш.. Навика е и начин на живот.
ЈАС да ти верувам ТЕБЕ за овоа нешто!?Леле смешкиве. Ти мислиш дека тој што живее на улица всушност не оди по кафани и кафиќи!? Извини, ама за КАКОВ УЛИЧЕН живот разговараме овде? тој што излегуваш со екипата, пиеш на клупа у парк и си одиш дома на спиење?
Ако си преживеала макар еден единствен УЛИЧЕН ден, ќе ЈА МРАЗИШ таа улица меретна, и ќе бараш начин да избегаш од тоа, верувај ми ТИ мене...Пробај на пример да не смееш дома да си отидеш оти на секои 3 саати џандари те бараат ради некои разно разни активности...да спиеш у парк оти НЕМАШ КАДЕ, а не оти си се опил и една вечер си се изгубил и си паднал у несвест...немој така...
girlll Напиша:
Дефинитивно не си слушал рап и не си следел што се случува пред неколку години..
Имаше далеку по квалитетна рап сцена одколку денес. И рапот кај нас се има родено уште одкога почнале Моуст Вонтед, Чиста, Црна Тачка.. И како можеш на ваква катастрофа да кажеш дека не умира кога сите приметија дека е пред умирање веќе?
Нормално дека се родил тогаш, не реков не...Друго, никој не примети, туку сите дискутираат ДАЛИ е, и ако Е, ЗОШТО е пред умирање...Слушај што сакаш, ама не ги криви артистите ако уметноста не ти се сфиѓа. Има идиоти што знаат квалитетно да го измелезат правецот, ама ќе ги снема...секаде имало, има и ЌЕ има такви луѓе...и ако според тебе поради таквите една култура умира, тогаш не ни била култура...
и да ти повторам една "катастрофална" работа:
МАКРАПОТ НЕ УМИРА!!!!!girlll Напиша:
Е баш така би ми се створила ко што ми се имаше створено порано да слушам најмногу од се Македонски рап.
А всушност и оној што никогаш нема наш рап слушано сака да слушне квалитетен наш производ нели? Со самото тоа што е НАШ и КВАЛИТЕТЕН. Ако ние не си го слушаме и почитуваме нашето кој ќе го почитува?
Но за да почитуваме треба да имаме ШТО да почитуваме.. Неможам јас да слушам и да почитувам нешто што не вреди ни да трошам време а ни место во компјутер.
Епа тоа е тоа, мило ми е што дојдовме КОНЕЧНО до проблемот. Ако ти мислиш дека не вреди, не значи дека НЕ вреди..тоа пробувам да ти го кажам цело време...
girlll Напиша:
За ова триесет пати ти објаснив немам намера пак.
Али ете ако некој не слуша Македонски рап значи дека незнае што се случува на рап сцената кај нас и НЕМА ПРАВО да коментира за него?
Добро де, ми објасни 300 пати, ама дури сега ги гледам, така да, не си морала да се мачиш, сфатив од првиот пат. И ако не слушам РОК, како тоа добивам право да коментирам за него? Мислам, реално јас ИМАМ право, да, ама тоа нема да биде конструктивна критика, од проста причина што, ако некоја музика не ја слушам НЕМА ШАНСИ ДА ДАДАМ КРИТИКА, како ќе критикувам нешто што не го следам?ете толку е едноставно. Не реков да не коментираш, коментирај, ама барем размисли шо тресеш ти, а не ја! И не е лошо малку од малку почит да покажеш кога разговараш со постар, макар да возраста нема врска. Разговараш со некого за кого немаш ни 1% познавање. Пробувам да ти докажам нешто, а не да те навредам, па затоа не ми кажуј дали трескам или не, ок? Фала
girlll Напиша:
Разлистај добро по форумов ќе сфатиш..
Но за жал оние со погрешни и фејк размислувања тоест мислења што покажуваат дека станува збор за луѓе кои воопшто не се разбираат и воопшто не ја следат оваа култура и музика тоа се обично за жал оние наши новопечени раперчиња, што ете уште незнаат што е рап и Хип Хоп а почнале со рецитирање, курчење и продавање муда за бубрези.
Ок, побарав да ме просветлиш, и ме просветли, фала. Е сега, нормално е за секоја дискутирана тема (во животот мислам, не само на форумов) да има човек кој сака нешто да каже, ама не знае што, нели? Нормално. Така е и овде. Тоа треба да ме откаже, или да ме натера да им објаснам на тие што не знаат и што тресат глупости? Зачувување и негување на една култура не значи само забави и песни правење..има тука и труд, љубов и уште многу работи. И пак ќе повторам, како тоа некој што НЕМА ПОИМ за твојата култура може да те откаже од неа!? Не би требало да може нели?
girlll Напиша:
Што требаше ова да значи?
И не, јас не го негувам рапот и не го кријам тоа. Кога никого не го боли курот и никој не се труди да го негува рапот зошто јас да трошам време и нерви да го правам тоа? А и мислам дека е доволно од моја страна што го слушам, почитувам и живеам. А со што тоа дечко ти го негуваш рапот жити се објасни ми?
Од тоа погоре што го наведов дека јас го правам што повеќе впрочем може и да се направи?
Да се снима?
Да, би снимала но не во период на фејк фаци па без разлика дали ме бива или не да станам дел од нив со самото тоа што единствени журки на кои ќе имам шанса да присуствувам и настапувам ќе бидат баш журки со тие фаци зошто поинакви веќе нема кај нас.
Епа тоа е тоа девојче...без разлика дали некој се труди или не, тој што го сака рапот ќе се труди, тој што не го сака ќе се откаже. Тоа се вика љубов. И те молам веќе да не ги обвинуваш фејк фаците, оти прилично е понижувачки да кажеш дека фејкерот те откажал оти ти си бил вистински...логика...
Или ти е страв дека не би била подобра од нив? Каков е тој став дека не сакаш да бидеш смешана со нив? ако си квалитетна, ќе се издвоиш, факт! Така лесно не се откажува култура...
girlll Напиша:
Казната?!
Сакаш да кажеш дека ти си даваш за право да се нарекуваш вистински а немаш слушнато Странски Рап и рапот го сфаќаш само преку Македонскиот редок квалитет и она што почесто го има ѓубрето? И после мене ми збориш дали имам право или не?Македонскиот рап не те прави рапер може само патриот да те направи. Слушни странско за да слушнеш зашто викам дека рапот кај нас нечини.. Значи твојте заклучоци и теории за рапот се вакви какви што се бидејќи не слушаш странски рап?
Не знам како заклучи дека не слушам странски рап? Реков казната, оти ти рече дека си ОСУДЕНА да слушаш само странски рап. Јас не се чувствувам осуден да слушам само странски рап. Од почетокот мислев дека сум, ама видов дека во македонија има добри поети...кој не ги гледа, негова работа...
girlll Напиша:
Неможам да слушам нешто што е се повеќе и повеќе катастрофално и се повеќе и повеќе пропаѓа.И несакам некој фаци што незнаат воопшто ни што е рапот, незнаат ни што е Хип Хоп културата, ни пак улицата.. Што најверојатно поголем дел се до 13 години и незнаат ни носот сеуште да си го избришат мене да ми ги продаваат музиката и културата што ги живеам одкако памтам за себе.
И пред се да ме потценуваат зошто не снимам и да врти нивната музика во мојот систем а и да ми продаваат теории што воопшто не ги ни знаат па ни разбираат.
Ајд мислам дека е доста и дека зајдов тоталка денеска на темава.. Но сепак е доста дискутабилна тема и мислам дека секој треба да даде свое мислење затоа што може да се направат тука многу добри и квалитетни дискусии што држат вода.. А не да коментираме само 5-6 фаци.. Што зарем другите се неспособни да коментираат на сериозни теми? Обидете се не е тешко. Форумот е всушност за дискусии не ко што е тука само за караници и препукувања.
А и би сакала вака на посериозна тема да прочитам сечии мислења зошто сепак така полесно можам да си создадам слика во глава за луѓето што не ги познавам а со кој секојдневно дискутирам на форумов, и со поголемо познавање може да се водат многу поквалитетни муабети и да вртат многу подобри дискусии а и најверојатно ако секогаш се трудиме вака да дискутираме повеќе ќе има со сигурност помалце караници и повеќе посетители. Ајд сеа доста замарам и јас.
Ајде поздрав.
Епа како може бе девојче сите овие фаци што ги наброа да те набркаат од рапот!? Тоа не ми е јасно, се друго можам да го сфатам само како твое мислење, и ветувам дека нема да се обидам да го сменам за се што кажавме погоре...ама како може некој што не разбира да го откаже тој што разбира?
И на крајот, нека коментираме само ние 5-6 фаци, јас се надевам дека другите ќе прочитаат и ќе створат пореална слика за макрапот и за рапот воопшто.
Извини ако некаде погоре те навредив, не било намерно
се надевам дека не ти е толку црно како што кажуваш, потруди се, ќе видиш дека има квалитетни работи.
Почит
мир!
п.с.:За тие фаци што те потценуваат, да ти кажам: Тој што те потценил можеш полесно да го победиш, знаеш нели?
girlll Напиша:
Нема да коментирам за тоа дека има и добри и дека не сум во право дека рапот умира затоа што се изјаснив ја дека мислам така и се изјаснив зашто а и ќе останам на своето.
Сепак..
Да, јас би одела на журки Хаос за да покажам почит и на некои одам..
Но знаеш што? Неможам да одам на журки на луѓе што немаат почит ни кон културата ни кон музиката.. Зошто јас би ги почитувала нив ондак? Како очекуваш да одам ради почит на луѓе што стануваат преку ноќ рапери за кеш?
Браво. Не знам зошто не го кажа ова нешто уште на почеток, па да не дебатираме со цитати и shit? Тоа е тоа. Повеќе коментирање, не знам...