Р2
Јас упорно творам
Мир за да створам
Морам да се борам
Тоа да го сторам
Слушнете го тоа што го зборам
Овој лош живот морам да го покорам
А потоа од никој не барам благодарам
1
Со љубов кон рапот рецитирам од душа
Живеам со надеж дека некој ќе ме слуша
Зошто овој живот е ваков секој против секого се држат за гуша
Сите убави поминати спомени не се памтаат туку се рушат
Вистинското другарство се губи никаде го нема
Другарот во важен миг ќе го снема
Тогаш кога најмногу ти треба
Се прашувам дали вреди сега тоа што се прави
Веќе е доста мора на ова точка да се стави
Секој гледа да врати способен е само за одмазда
Наместо да се живее во среќа има само омраза
Се надевам дека на лицата нема да ја има таа солза
Која веќе долго време на никој не им е од полза
Таа ебена лага
Прави човекот да живее во тага
И да страда
Но неможи повеќе тој веќе нема снага
Оваа болка неверојатно го боди
Неможи да издржи повеќе сака одново да се роди
Се чувствува како некој друг да го води
Не неможи повеќе тој вака да оди
Почнува капки да рони
Во солзи тој тони
Сака да му се случи нешто убаво некогаш
Но ако се продолжи вака тоа нема да го види никогаш
А тој има надеж дека можеби ќе го гледа секогаш
Но тоа неможи да се случи во ова време кога секој сака да врати
На тој што ќе му направи така ќе пати
Но потоа вториот ќе се врати
И ќе сака првиот него да му плати
Но зошто мора ова да е вака
Да имаме голема мака
Од ова страдаме сите
Ова е тоа со што ни поминуваат мрачно дните
Р2
2
Се прашувам само дали можи да продолжи вака некој
Ајде ве чекам кажете ми кој
Кој е тој
Неможете и вие знаете дека никој
Ајде знаеш дека со тебе нема да остани секој
Малку се тие кои знаат да ценат
Знаат дека си подобар од нив и со тебе се мерат
Знаеш дека повеќето само серат
Пред тебе се преправаат,но љубоморат
Зад грб само лицемерат
Готово е мора да се соберат
И некаде далеку да се однесат
Ти љубов му даваш
Но веќе ќе треба да почнеш со рима да ги маваш
Тоа што го прават нека им служи на чест
Јас секогаш бев за нив стално со добар гест
Но сега исполнет со бес вршам тест
Со чиста свест
Ги почитувам само тие со мене што се со добра вест
На сцена се враќам
До тие што се со мене поздрав праќам
Затоа што си вистински другари ги сфаќам
Со нив ќе останам зошто навистина ги сакам
Со нив ќе продолжам јас по улици да акам
А фејкерите на мета ги зумирам
Детално ги детонирам
Заслужуваат да ги дискриминирам
И затоа ги стопирам
Со тоа што ги трнсформирам
Неверојатно ги деформирам
Кога на бината диригирам
И со рими генерирам
Верувајте ми ќе ги истребам
Имајте надеж ќе се смееме
Ќе ни биди одлично без лицемерство ќе живееме
P2