80-годишен старец се оженил со 21-годишна жена. Првата година од бракот жената затруднела и денот на пораѓање, докторот во болница му вели на старецот:
- Честито, татко сте на машко бебе од 4 кг.
- Аха, старата машина уште работи - искоментирал стариот задоволен.
Втората година од бракот мажот и жената се повторно во болница. Докторот му вели:
- Честито, татко сте на женско бебе од 3,5 кг.
- Аха, старата машина уште работи.
Третата година, мажот и жената се пак во болница, а докторот му вели на стариот:
- Епа, ај честито пак. Татко сте на машко бебе од 3,8 кг.
- Ти реков јас дека старата машина уште функционира.
- Функционира стари, ама не е лошо да го провериш уљето... ова бебе е црно.
Дошол поп кај човек пред умирање, да му каже последна молитва и да го прочисти пред да оди на оној свет. Му вели тој на човекот:
- Ајде сега кажи му на Ѓаволот колку го презираш. Кажи му дека нема да му се покориш и дека не го признаваш неговото зло.
Човекот си молчел. Попот повторил, а човекот пак си молчел. На крај попот зачуден, прашува:
- Зошто не сакаш да го отфрлиш Ѓаволот и злото?
- Додека не видам кај точно одам, не мислам дека е добро да се заебавам со никого.